Петочно смеење

Трпе и вика на здебелената Трпана:
– Сало на страна, супер изгледаш!

– Трпано, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?
– Ќе плачам Трпе, знаеш дека за секоја ситница плачам.

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во уши.
Бев убеден дека слуша музика, се додека после 20 минути не рече:
– Љубов, може ли јас нешто да кажам?

Цветко го сопира полиција и му вика:
– Господине, ќе мора да правиме алкотест.
Цветко возбудено му враќа:
– Па тоа бе, каков алкохол ќе тестираме?

Влегува полицаец во библиотека и библиотекарката му вика:
– Почна да врне, а?

Слични Објави