|

Наскоро, Нова Градинка во Битола

Со подобрувањето на временските услови, ќе продолжат активностите за целосна изградба на новата детска градинка во населбата АРМ Четврт 2, Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претставници од општинската администрација, изврши увид во напредокот на проектот, со цел интензивирање на градежните активности.

Досега, градинката е изградена до фаза карабина, со поставена надворешна столарија во вредност од 43.437.100 денари, додека за заштита на објектот од подземни води е изведен дренажен систем во износ од 4.781.739 денари.

Во следната фаза, чија реализација ќе започне веднаш по стабилизирање на временските услови, ќе се спроведат внатрешни градежни работи, вклучувајќи ѕидарски, подополагачки и инсталациски активности. Дополнително, ќе се изврши партерно уредување, изградба на ограда и потпорен ѕид. За завршувањето на овие работи е предвидена инвестиција од 79.594.915 денари.

Со отворањето на оваа градинка, значително ќе се намали бројот на децата кои чекаат за прием, што е важен чекор за подобрување на условите за воспитание и згрижување на најмладите во Битола. Општината со ова потврдува дека продолжува да работи на проширување на капацитетите на детските градинки, стои во официјалното соопштение.

Слични Објави