|

Интервју со Стевче Стевановски градоначалник на Општина Новаци

Секоја планина – своја тежина! Оваа народна изрека важи за сите, но посебно за Општина Новаци, која е рурална општина, но има голем број специфики, кои носат мошне посебни барања, во справувањето со нив. Имено, по територија ова е огромна општина, а спрема број на жители, не е густо населена, па нивните потреби за земјоделски пристапни патишта, број на градинки и училишта, деловен и урбан развој, образование на дечињата и слично не се идентични со оние во другите општини.

Од друга страна, секоја „тежина“ бара или добра пропаганда, дека „еве работиме“, или систематски пристап во решавањето на тие проблеми.                                                              Градоначалникот Стевче Стевановски го избрал второто и слободно може да се каже дека, она што зависи од него добро е сработено, а она што зависи од закони, од државни органи и централната политичка волја има различна судбина. Долгите процедури за добивање дозволи и бирократските бариери – обогатена со многубројните закони, сметаат во забрзувањето на локалниот развој. Ова го знае цел тим на градоначалникот Стевановски и сите тие знаат да потенцираат дека другите ги гледаат само приходите од РЕК – Битола, но слабо можат да видат дека тука треба огромна мрежа од земјоделски пристапни патишта, дека недостасува наводнување, за кое е надлежно Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, дека постојат долги релации за дечињата да ги однесат во нивните училишта и многу други локални проблеми и специфики, кои стојат на патот на тој развој, кој може младите да ги задржи тука, во родната општина.

Изненадува проактивниот пристап на овој општински тим, кој не чека, туку бара, па така, ова е општина со голем број реализирани проекти, не само од домашни, туку и од меѓународни извори, па затоа се говори и за системи за информирање на земјоделците, електронски помагала за настава, за незагадувачка индустриска зона во атарот на општината, за велосипедски патеки и за други „урбани“ проекти, во руралното Новаци.

За сето ова, но и повеќе, следете го интервјуто на репортерите на ОТВ со градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

Слични Објави