|

Енергетика и енергетска ефикасност (ЕЕ) на локално ниво – Надлежности на општините

Општините се должни да обезбедат услови за:

Дистрибуција природен гас; Управување со системот за дистрибуција на природен гас; Снабдување на природен гас на тарифни потрошувачи; Производство на топлинска енергија; Дистрибуција на топлинска енергија; Дистрибуција на геотермална енергија; Снабдување со топлинска енергија; Снабдување со геотермална енергија; Обврска за изготвување на 3-годишни програми за ЕЕ; Изготвување на годишни анализи за потрошувачката на енергија; Организирање на мониторинг над потрошувачката на енергија; Обезбедување на периодични енергетски контроли и сертификати за ЕЕ на јавните објекти; Вградување на сончеви колектори за топла вода, ако тоа е економски исплатливо;  спроведување на програмите за ЕЕ.

Сето ова е регулирано со: Закон за енергетика,  Закон за енергетска ефикасност, Стратегија за развој на енергетиката,  Стратегија за развој на енергетска ефикасност до 2030 и Национален план за енергија и клима на РСМ, Програмата за унапредување на енергетска ефикасност (општинска) согласно државната Стратегија за унапредување на енергетската ефикасност, годишен план за реализација на Програмата и Извештај за остварување на планот за претходната година.

Мал број општини имаат доволно детални податоци за енергетската потрошувачка кои може да се користат за планирање на ЕЕ. Недостигот на финансиски средства за инвестиции во енергетика и ЕЕ е основната пречка за имплементација на проекти. Значајни проблеми и недостаток на капацитет има и во изработка на документација и договори за енергетски услуги (набавка од отворен пазар на енергија), формирање на јавно приватно партнерство за ЕЕ или учество во т.н. ЕСКО-модел. Нискиот капацитет за финансиски менаџмент го генерира и го усложнува проблемот околу многу малиот број понуди за заеми и малото искуство на македонските финансиски институции за проценка на кредитоспособноста на општините. Дополнително, усложнувањето на издавањето на гаранции за заеми се јавува поради неразрешените имотно-правни односи, поврзани со земјиштето кое е во државна или во приватна сопственост.

Слични Објави