|

Интервју со Дејан Проданоски и Милена Ѓуроска

Почитувани гледачи, разговараме со г-дин Дејан Проданоски – Претседател на Советот на Општина Прилеп, професионално работи во Архивот. Тој има долгогодишно искуство во политиката и во општинските работи, а сигурно е дека тој најдобро од сите советници знае што е тоа институционално паметење и колку е важно за работата на една институција.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Ќе го прашаме г.Проданоски, Колку работата во општината ја гледате низ очите на институционалното паметење, затоа што Архивирањето е врв на тоа паметење, што значи дека вие најдобро знаете дека историјата еден ден ќе ги има тие извори од она што сите ние го работиме, токму преку тие документи? Дали сметате дека институционалното паметење, а некој би рекол „архивите“ во институциите е на завидно ниво? Ова е само дел од денешното интервју повеќе погледнете во видеото.

Ова интервју е дел од серија разговори со градоначалниците и локалните функционери, како и со стручни лица за локална самоуправа и универзитетски професори. Интервјуата, кои се емитуваат на Отворена Телевизија, имаат за цел да се подигне јавниот интерес за локалната самоуправа и регионалниот развој, но и на општите знаења на граѓаните за работата на општините.

Ние граѓаните мораме да ја развиеме локалната демократија, затоа што ни е општината близу, а владата далеку. За тоа да го направиме мораме да им помагаме на општинарите во носењето одлуки, во планирањето, но и во контролата на буџетското трошење.

Активноста е дел од проектот „Отворени општини, со отворени податоци“, финансиран од National Endowment for Democracy.

Слични Објави