|

Жена ќе го води ФК Победа – време е конечно да победи!

Фудбалскиот клуб Победа започнува ново поглавје во својата историја. Со нов сопственик и ново раководство, најавени се амбициозни планови за стабилизација и напредок на клубот кој моментално се бори за опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

Формиран е нов Управен одбор на Победа, а брои вкупно осум члена. На чело на Победа избрана е Јана Мицковска – Попоски, која ќе стане втора жена претседател на клубот, по Ирена Јакимовска. Таа е сестра на новиот сопственик Александар Мицковски, кој живее и работи во Соединетите Американски Држави.

За организациското водење на клубот формиран е и нов Управен одбор составен од осум члена: Јана Мицковска – Попоски, Небојша Стојковиќ, Владимир Мирчески, Сашко Попоски, д-р Весна Неделковска, Димитар Трајков, Горан Зечевиќ и Александар Крстески.

И покрај моменталната борба за опстанок, во таборот на Победа владее оптимизам дека со новата енергија и визија клубот ќе успее да ги врати старите славни денови.

Слични Објави