(видео) Хуманитарен настан: „МАЛИ БОРЦИ – ГОЛЕМА НАДЕЖ“

По повод Светскиот ден на предвреме родените бебиња, во понеделник, 17 ноември 2026 година, во периодот од 09:00 до 13:30 часот, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп ќе се одржи хуманитарен настан под мотото „За најмалите почетоци, со голема љубов“.

Целта на овој настанот е да се даде поддршка на предвреме родените бебиња и нивните семејства. Организаторите упатуваат покана до сите хумани граѓани и општествено одговорни субјекти да се приклучат и со своето присуство да придонесат кон акцијата.

Во текот на настанот е предвидена и хуманитарна лотарија, а сите собрани средства се наменети за потребите на неонатолошкото одделение.

Ги повикуваме граѓаните да изградат хумана солидарност и да ја дадат својата поддршка за најмалите борци.

Слични Објави