|

Здружението „Преродба“ прослави полнолетство

Во убава атмосфера, здружението „Преродба“ го прослави својот 18. Роденден. На 20. Септември 2006 година е формирано и од тогаш функционира континуирано. На гости на оваа прослава им беа Распеани Стружани и Распеани Кичевчани.

Во склоп на ова здружение работат неколку групи: Пејачка, група која ја негува традицијата, здравствена и хуманитарна, со вкупно 80 членови.

Пејачката група е многу активна и настапува на конерти, хунанитарни настани, а има и гостувања надвор од Македонија. Групата која се грижи за зачувување на традиција, организира настани со кои се негуваат обичаите на македонскиот народ од прилепското поднебје на сите празници кои носат одредени специфики.

Здружението излегува во пресрет на секој кој има потреба од помош и организира хуманитарни акции. Се организираат и предавања со здравствени работници.

Слични Објави