РЕАЛИЗИРАН ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ТРЕТОНОЕМВРИСКИ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ

Планинарското спортско здружение „Козјак“ од Прилеп денеска го реализираше традиционалниот третонoемвриски планинарски марш, посветен на одбележувањето на 82 години од ослободувањето на Прилеп.

Маршот помина во знакот на дружењето, заедништвото и љубовта кон природата, а учесниците уште еднаш ја одбележаа годишнината од ослободувањето на градот на планинарски начин.

Од здружението упатија благодарност до сите учесници, како и до оние кои помогнаа во организацијата и реализацијата на маршот.

Манифестацијата е дел од традицијата со која планинарите од Прилеп го одбележуваат 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.

Слични Објави