|

Хуманитарен концерт – 20 години од првото „Ѕвездено небо“ на Тоше Проески

29 Јуни 2024 година (сабота) се организира хуманитарен концерт – прославување на животот и делото на Тоше Проески, доживувајќи го повторно познатото “Ѕвездено небо” на нашиот Тоше.

Хуманитарниот концерт “Детска Насмевка за овој Свет” ќе се одржи во амфитеатарот од “Спомен Куќата на Тодор Проески” во Крушево, со почеток во 20 часот.

Талентирани артисти ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, да уживаме сите заедно во неговите песни и да го славиме неговиот живот и дело, преку музиката и хуманоста.

Хуманитарниот концерт е во организација на “Play Without Boundaries” во соработка со “Спомен куќа – Тодор Проески”, подржан од Општина Крушево.

Фото – Spomen Kukja Todor Proeski 

Слични Објави