|

ХУМАНИТАРНИОТ ТУРНИР ВО ТАБЛА ЗА ВИКТОР НИКОЛОСКИ ЗАВРШИ. ПОБЕДНИК Е АНДРЕЈ КРСТЕСКИ

Уште еден турнир во табла организиран од „Ебаго Таблаџии“ заврши, овојпат со хуманитарен предзнак и поддршка за Виктор Николоски.

На турнирот учествуваа љубителите на оваа игра, а најуспешните се пласираа на следните позиции:

  1. Андреј Крстески – прво место, ваучер од хотел „Тино“ и парична награда.
  2. Дејан Нортоно Ристески – второ место, ваучер и парична награда.
  3. Игор Гулабоски – трето место, ваучер и парична награда.
  4. Христијан Илиовски – четврто место, ваучер.

Наградата за најдобра учесничка ја освои Александра Смилеска.

Организаторите упатија благодарност до сите учесници, како и до кафулето „MyPlace Prilep“ и сопственикот Љупчо Бубе, кој од почетокот ги поддржува турнирите во табла, како и до сите останати поддржувачи на хуманитарниот настан.

Слични Објави