| |

Физиотерапевт и психолог – бесплатни услуги за најранливите семејства во Кривогаштани

Општина Кривогаштани ја зајакнува поддршката за лицата и семејствата во социјален ризик преку бесплатни услуги во домот, реализирани во партнерство со Здружението „Центар за развој и едукација“ – Прилеп. Целта е обезбедување навремена, стручна и достапна грижа за најранливите категории жители.



Стручниот тим што ги извршува услугите е составен од физиотерапевт и психолог. Физиотерапевтот работи на подобрување на физичката мобилност и полесно извршување на секојдневните активности, додека психологот обезбедува ментална и емоционална поддршка за лицата кои се соочуваат со различни социјални или здравствени предизвици.

Од Општината истакнуваат дека оваа иницијатива претставува важен чекор кон поинклузивна и посолидарна заедница, каде секој граѓанин има пристап до соодветна грижа, без оглед на социо-економскиот статус.

За информации и пријавување, граѓаните може да се обратат во просториите на здружението или на телефонскиот број 076/250-299, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Општина Кривогаштани најавува континуитет во вакви активности, со фокус на подобрување на квалитетот на живот и поддршка на ранливите категории жители.

Слични Објави