| |

ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ВОДОВОДНИ ЦЕВКИ

Денес Општина Прилеп изврши увид на градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа во централного градско подрачје, викано Карабдалица.

Оваа водоводна мрежа е стара речиси седум децении, а нејзината замена беше повеќе од неопходна. Со овој проект ќе се реконструираат вкупно 1.240 метри водоводна линија, при што старите азбестцементни цевки ќе бидат заменети со нови, со поголем капацитет, што значително ќе го подобри водоснабдувањето во овој дел од градот.

Ќе се постават 124 приклучоци, 7 нови хидранти за зголемена безбедност и ќе се изведат 18 јазли. Моментално, работите се одвиваат на улицата Стеван Димески – Ништакот, каде веќе се заменети 140 метри од водоводната мрежа со профил DN 90 и 25 метри со профил DN 40. Инсталирани се 15 приклучоци и поставени 3 јазли.

До крајот на февруари започнуваме со изведба на уште два капитални проекти! – велат од општината.

Од општината најавуват одлична година, исполнета со градежни активности.

Овие проекти се реализираат со „Унгарскиот кредит“ кој го обезбеди Владата на Македонија

Слични Објави