Општина Демир Хисар со Локален акциски план за управување со отпад – прв стратешки документ од оваа област
Општина Демир Хисар го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад кој е прв стратешки документ од оваа област.
Во него се идентификувани состојбите и проблемите со отпадот и креирани се цели и активности за нивно решавање. Со Локалниот акциски план се создадени можности за водење на долгорочна политика за заштита и унапредување на животната средина на целата територија на Општина Демир Хисар.
Состојбата на животната средина во Општина Демир Хисар укажува на релативно чиста животна околина, без интензивни загадувачи на воздухот, водата, почвата и природата.
Сепак, на природните ресурси на управувањето со отпад треба да им се обрне посебно внимание.
Со спроведувањето на Локалниот акциски план, Oпштина Демир Хисар посебно внимание ќе поевети на информирањето на граѓаните за управувањето со отпад, како и на основните принципи за превентивно делување во заштитата и унапредувањето на животната средина.
Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.
Сите заинтересирани Локалниот акциски план за управување со отпад може да го најдата на следниот линк: Локален акциски план за управување со отпад 2024 – 2025