Секоја општина мора да има подземен катастар
Секоја општина согласно законската регулатива мора да има подземен катастар, кој ќе им помогне на инвеститорите, но и на јавнитете претпријатија, при санација на дефекти, откривање на загуби на вода или поставување нови инсталациони мрежи.
Општина Крушево/Municipality of Krusevo е избрана за пилот општина од страна на Германскoто друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) за имплементација на проектот за изработка на подземен катастар за комунална инфраструктура, пронаоѓање загуби на вода, поставување скада системи, мерни инструменти и сл.
Со овај проект ќе им се помогне на инвеститорите на ЈП КОМУНА, во Крушево, при санација на дефекти, откривање на загуби на вода или поставување нови инсталациони мрежи.
Ваквите проекти се од посебно заначење за општините.