10 години од постоењето на ФИКТ – 10 години врвна високообразовна наставно-научна и апликативна дејност

На 15 септември 2024 година се навршија 10 години од постоењето на ФИКТ – Факултет за информатички и комуникациски тенхнологии при Универзитетот „св.Климент Охридски“ – Битола.

10 години врвна високообразовна наставно-научна и апликативна дејност од областите на информатиката и компјутерската техника и информатика.

Во изминатиов период, на ФИКТ дипломираа над 1000 студенти на додипломски студии и над 100 студенти се стекнале со научен назив магистер или доктор на науки. Иако најнова единица на Универзитетот, за овие 10 години постоење ФИКТ започна да го зазема водечкото место како најголема единица во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Дипломираните информатичари и ИКТ инженери од ФИКТ се посебно барани на пазарот на труд во државата и во странство. Нивните способности и практични знаења и вештини од повеќе области ги прави да бидат ИТ професионалци подготвени за идните глобални технолошки предизвици.

ФИКТ постојано се грижи на студентите да им обезбеди најсовремени ресурси. За реализирање на наставно-научната, истражувачката и стручно-апликативната дејност, на ФИКТ постојат 4 лаборатории:

Лабораторија за бази на податоци, програмски технологии и е-учење

Лабораторија за организација на компјутерски системи и компјутерски мрежи

Лабораторија за виртуелно инженерство и апликации и

Лабораторија за развој на идни вештини и старт-ап бизниси.

Факултетот е учесник во повеќе меѓународни, билатерални и национални научно-истражувачки и стручно-апликативни проекти и е коорганизатор на меѓународната конференција Applied Internet and Information Technologies (AIIT).

Како резултат на извонредните залагања на членови на Отсекот за Информатика и компјутерска техника на ТФБ и на членови на Катедрата за Менаџмент на информациски системи на ФАМИС, пред десеттина години, дојде до формална институционализација на интересите на студентите, стопанството и наставно-научниот кадар и во академската 2014/2015 започна со работа ФИКТ, како единствена единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола чија високообразовна наставно-научна и апликативна дејност е од областите на информатиката и компјутерската техника и информатика.

Слични Објави