(Видео) „Ебаго Таблаџии“ ги повикува прилепчани на дводневна натпреварувачка дружба
Почитувани ТАБЛАЏИИ и БЕГЕМОНЏИИ од Прилеп и пошироко, спортскиот клуб за табла Ебаго Таблаџии и кафетерија MyPlace Prilep, со поддршка од Општина Прилеп имаат чест и задоволство да Ви го најават големиот турнир во табла во Прилеп кој ќе се одржи на:
22 и 23 Ноември 2025 година (Сабота и Недела).
На турнирот ќе има вредни награди за сите четвртфиналисти како и парични награди за:
Место-парична награда
Место-парична награда
Место-парична награда
Пријавувањето ќе трае од 10 Ноември до 20 Ноември, натпреварувачите можат да се пријавуваат секој ден во кафетерија @MyPleace Prilep до 09:00 часот до 24:часот, име и презиме и контакт телефон
Сите учесници ќе бидат известени преку СМС порака на 22 Ноември(Сабота) од колку сато ќе играат
Котизација т.е. учество на турнирот е 300 денари која се уплаќа одма со самото пријавување на натпреварувачот.
![]()
![]()
ПРАВИЛА НА ТУРНИРОТ ![]()
![]()
![]()
Дуелот пред да започне и натпреварувачите фрлаат секој по една коцка и поголемата коцка има право да одбери со кои пулови ќе игра и од која страна ќе почнат
Фрлањето на коцките ќе биде од рака
Коцките ќе се фрлаат во едната половина од таблата
Коцката на пул ќе се важи
Во текот на една партијата едниот на другиот натпреварувач ќе можи да му ги пресечи заровите најмногу 3 пати
Дуплите на втората партија ќе важат после првото фрлајне т.е. од втора рака
Ќе се игра до пет добиени(обична еден поен, марс два поени)
Полуфиналината и големото финале ќе се играат до 7 поени(обична еден поен, марс два поени)
Натпреварувачите ќе бидат поделини во групи од 5 или 7 натпреварувачи во зависност од пријавените, и за тоа дали ќе одат првите двајца или првите тројца ќе зависи исто така од бројот на пријавени
Доколку некој од учесниците се откажи на две, три изиграни утакмици, неговите резултати ќе се поништат за да биди фер спрема оние со кои не изиграл
Доколку оригиназаторот сети или пак некој од учесниците му ја дава на противникот утакмицата за да оди понатаму следува дисквалификација на двајцата
Во случај на ист број на вториот, третиот и четвртиот првин ќе одлучува поен разликата, ако е иста поен разликата ќе одлучува меѓусебниот дуел, во краен случај ќе се направи мини табала измеѓу тројцата
За секоја друга спорна ситуација ќе одлучи организаторот
Лице за контакт:
Васко Ац Милан Смилески
078-328-233
Ljupco Bube
070-257-300



