„ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“ – Е СЛОГАНОТ НА СПОВЕДЕНАТА КАМПАЊА ОД ЦРВЕН КРСТ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА БОРБАТА ПРОТИВ ГЛАДТА
Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Прилеп реализираше дистрибуција на помошта обезбедена од спроведената кампања по повод Неделата на борба против гладта.

Помошта беше дистрибуирана до социјално загрозени семејства кои се обратија во Општинската организација и до домовите на семејствата во општините Кривогаштани и Долнени.
Дистрибуирани се 30 пакети храна кои се обезбедени од реализација на собирни пунктови, но и со сопствени средства на Општинската организација.