Лежерно интервју со Влатко Алексоски (ВИДЕО)
Имавме чест да разговараме со еден исклучителен креативец, човек чија приказна вреди да се слушни, а тоа е Влатко Алексоски. Особено впечатлива беше неговата практика на создавање уметност во живо, каде публиката има можност да биде сведок на процесот. „Кога гледате како се раѓа делото, тоа не само што ги инспирира присутните, туку и мене како уметник и вајар ми овозможува да ги споделам своите чувства и размислувања на начин кој не може да се пренесе со зборови“, објаснува Влатко.
Во текот на разговорот, тој сподели дека важноста на процесот на создавање е многу поголема од самата конечна форма на делото. Претставата на создавање уметничко дело во живо е нешто магично (Live carving – живо резбарење). Овој разговор со Влатко беше вистинска инспирација за сите нас – да продолжиме да твориме, да истражуваме нови идеи и да ја промениме нашата реалност со уметност која ќе зборува за нас.