|

Документарецот „Мајчински инстинкти“ ја освои главната награда на 33. Интернационален фестивал на аматерски документарен филм



Битола – Во Малата сала на Центарот за култура во Битола синоќа беше отворен 33. Интернационален фестивал на аматерски документарен филм, кој го собра најдоброто од аматерската документаристика од земјава и странство.

Фестивалот го отвори Стефан Хаџиантоновски, претседател на кино-клубот „Студио Милтон Манаки“, кој истакна дека годинава се одбележуваат 120 години од купувањето на легендарната „Камера 300“ и снимањето на првиот документарен филм на Балканот – филмот за баба Деспина, снимен во 1905 година.

Од 28 пристигнати филмови, 12 се натпреваруваа за награди. Главната награда – Гран при – ја освои Ема Зафирова од Велика Британија (по потекло од Македонија) за филмот „Мајчински инстинкти“, кој ја прикажува силата на мајчинството и човечките емоции.

Златната плакета „Камера 300“ ѝ беше доделена на Валентина Андреиќ за филмот „Три манастирски цркви во Куманово“, додека сребрениот медал на УНИКА го освои Надица Петровиќ за „Макраме“. Плакетата на Општина Битола отиде кај Франц Моге од Словенија за филмот „Клукајдрвци“. Специјални признанија добија Ноела Нечковска, Љупчо Ристевски и Љупчо Паунковски за нивните документарни остварувања.

Фестивалот и оваа година ја потврди својата улога како платформа за промоција на нови таленти и зачувување на културното и историско наследство преку документарното кино

Слични Објави