Јавна дебата во Битола: Кои се бариерите за девојките од руралните средини?
Во Битола, на 17 март 2026 година се одржа јавна дебата во рамки на проектот „Отстранување на бариерата: Подобрување на услугите за девојките“.
Проектот е дел од пошироката иницијатива „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, што ја спроведува Сојуз – Национален совет за родова рамноправност во партнерство со Полио плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи. Проектот е финансиски поддржан од Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија, а го спроведува Од млади за млади Крушево.
На дебатата беше презентиран извештај со препораки, изработен врз основа на анкета спроведена меѓу девојки од руралните средини во општина Битола. Извештајот ги идентификува клучните предизвици со кои се соочуваат девојките и нуди конкретни насоки за нивно надминување.
На настанот учествуваа службеничката за млади од Општина Битола, претставници од образовниот сектор, граѓански организации, како и студенти и млади.
Од Од млади за млади Крушево најавуваат дека ќе продолжат со активности за застапување на оваа тема, користејќи ги резултатите од проектот како основа за понатамошно делување.


