МАРКО ЦЕПЕНКОВ ПРОДОЛЖУВА ДА БИДЕ ВОДЕН ОД ЖЕНА
Марија Попова Јованоска вработена како правник во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, е назначена за нова в.д. директорка.
Институцијата што во време на преходната власт никако не можеше да „си нзјде“ директор/ка и скоро седум години се менуваат неколку в.д. директори, за прв пат ќе ја раководи правник, барем до изборот на нов генерален директор. Дали тоа ќе биде добро или лошо, ќе покаже времето.
Според сајтот на Агенцијата за спречување на корупција, новата в.д. директорка е и член на управниот одбор на ЈКП Комуналец – Прилеп.
Марија Попова Јованоска доаѓа на местото на актерката Јасмина Мицовска Станкоска