СО „МАРИФЕТ“ ВЕЧЕР ЗА УЖУВАЊЕ (ВИДЕ0)

Синоќа групата „Марифет“ на Камената Бина во Прилеп, како дел од проектот Од 0 до Култура, прво ги разнежнија, а потоа и ги разиграа прилепчани со најубавите македонски евергрини. Се свиреа најголемите хитови на Славе Димитров, Драган Мијалковски, Маја Оџаклиевска, ВИС Меморија, Диме Поповски, Зоран Милосавлевиќ, Никола Автовски и многу други хитови од Скопски фестивал, Мак-Фест кои потсетуваат за едно време на добра музика.

Нетипично ладното време за овој период годината, не ги спречи љубителите на македонските евергрини да излезат и да пеат заедно со „Марифет’. Ви пренесуваме дел од атмосферата:

Слични Објави