|

Дипломатска посета и одбележување на Денот на примирјето во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски  денес оствари значајна протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, и амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.



На средбата, градоначалникот истакна дека Прилеп има што да понуди како економски и културен центар и потенцираше за значењето на отворањето нови можности за економски развој, поддршка на локални проекти и зајакнување на културните и образовните врски со двете земји.

„Прилеп ќе продолжи да биде град кој гради мостови, развива партнерства и создава нови перспективи за своите граѓани“, изјави градоначалникот, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери.

По средбата, заедно со амбасадорите, градоначалникот оддаде почит на жртвите од Првата светска војна и го одбележа Денот на примирјето на германските воени гробишта во Прилеп — потсетник за значењето на мирот, солидарноста и европските вредности.

„Овој ден е силен потсетник на трагичните последици од војната, но и на важноста на мирот, солидарноста и европските вредности. Примирјето од 1918 година го означи крајот на еден од најразорните конфликти во историјата и постави темели за иднината која ја градиме денес, иднина на соработка, почит и разбирање меѓу народите. Прилеп ќе продолжи да биде град кој гради мостови, развива партнерства и создава нови перспективи за своите граѓани.“ изјави градоначалникот Дејан Проданоски .

Слични Објави