| |

Доделени сертификати за професори од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Во СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп беа доделени сертификати на професори и стручни соработници во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, реализиран со поддршка на Коалиција на младински организации „СЕГА“ и Детската фондација Песталоци.

Активноста е насочена кон усвојување и примена на политика усогласена со Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на насилство, злоупотреба или занемарување, издадено од Министерството за образование и наука.

Со обуката професорите и стручните служби се оспособени за препознавање и навремено постапување при случаи на насилство, развој на превентивни активности и создавање сигурна и поддржувачка средина за учениците.Доделени сертификати за професори од СОУ „Орде Чопела“

Слични Објави