|

Продуктивна соработка – Средба помеѓу Општина Прилеп и компанијата „Бехтел и Енка“

Денес, во Општина Прилеп остварена продуктивна средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, каде што беше детално презентирана рутата на Коридорот 10Д што ќе поминува околу градот.

На средбата се разгледани сите можности и предизвици кои ги носи изградбата на овој стратешки важен коридор за нашиот регион. Проектот ќе овозможи побрзо и посигурно патување, подобро поврзување со другите делови од државата и нови економски можности за граѓаните на Прилеп. Оваа инфраструктурна инвестиција е голем чекор напред за Прилеп и ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Општина Прилеп е целосно посветена на транспарентна соработка и ќе продолжи со редовни информации до граѓаните во секоја фаза од проектот и за огромниот потенцијал што Коридорот 10Д го носи за градот и регионот.

Слични Објави