| |

Шведската асоцијација САЛАР во работна посета на Општина Прилеп

Претставници на Шведската асоцијација САЛАР остварија работна посета на Општина Прилеп, каде со општинскиот тим разговараа за напредокот на проектите од областа на управувањето со отпадот.



На средбата беа разгледани активностите за изработка на урбанистичкиот проект и техничката документација за изградба на Собирен центар, компостара, како и напредокот на проектот Фабрика за селекција на отпад во село Алинци.

САЛАР веќе три години работи и инвестира во Прилеп, а посетата беше насочена кон размена на искуства и подобрување на системот за селекција и третман на отпадот. Посебно беше истакнат стратешкиот пристап на општината во развојот на ефикасен систем за управување со отпад, со активно учество на граѓаните и бизнис секторот.

Претставниците беа информирани и за проектот за поставување полуподземни контејнери на 21 локација во градот, со инвестиција од 15,36 милиони денари, финансирана од Владата на Република Македонија.

Дополнително, беше презентиран и проектот за изградба на компостара за биоразградлив отпад, финансиран од УНДП со кофинансирање од Општина Прилеп, кој ќе овозможи производство на компост за јавни површини и земјоделство.

Шведските експерти ги посетија и локациите каде ќе се гради Собирниот центар, како и Фабриката за селекција на отпад, при што дадоа стручни препораки за нивната доизградба.

Слични Објави