|

Новаци повторно домаќин на рекреативната велосипедска тура „Timeless Trail Tour“

Општина Новаци и оваа година ја организира велосипедската тура „Timeless Trail Tour“, која по трет пат ќе ги собере љубителите на рекреативното возење велосипед и природата.

Настанот се реализира со поддршка на IPA III CBC Programme – North Macedonia & Albania, Министерството за локална самоуправа, Општина Новаци и SASPAC.

Турата започнува пред зградата на Општина Новаци, а завршува во Рекреативниот парк Коњарка. Рутата е долга 26 километри и е наменета за учесници со почетно до средно ниво на подготвеност. Организаторите информираат дека трасата има мала елевација и најголем дел е асфалтиран, но има и делници без асфалт, поради што не се препорачува користење на Road Bike велосипеди.

За сите учесници ќе бидат обезбедени храна, освежителни пијалоци и промотивни материјали.

Учесниците треба да пристигнат пред зградата на Општина Новаци најдоцна до 08:30 часот за потпишување изјава за учество и подигнување на материјалите, додека стартот на турата е закажан за 09:00 часот.

Од Општина Новаци потенцираат дека турата е од рекреативен карактер и секој учесник учествува на сопствена одговорност. Учеството е бесплатно, а пријавувањето се врши преку online формулар.

Превоз до Новаци нема да биде обезбеден, но за учесниците кои имаат потреба од превоз од Рекреативниот парк Коњарка назад до Новаци ќе биде организиран транспорт, доколку тоа го наведат во пријавата.

Слични Објави