ДЕНЕС ВО ПРИЛЕП – ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА
Прилеп денес е горд домаќин на државното првенство во ракомет за средни училишта, организирано од Сојузот на училишен спорт на Македонија. На овој значаен спортски настан учествуваат четирите најдобро пласирани средни училишта од целата држава, а со особена чест настапува и нашата Гимназија „Мирче Ацев“.
Натпреварите се одржуваат во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, каде денес првенството беше свечено отворено од градоначалникот на Општина Прилеп, г. Борче Јовчески, и претседателката на Советот на Општина Прилеп, г-ѓа Ирена Стерјовска Локвенец. Тие упатија срдечни поздрави и топло добредојде до сите учесници и им посакаа спортски натпревари исполнети со фер-плеј, енергија и дружење.
Општина Прилеп гордо ја поддржува организацијата на вакви настани, кои не само што ја промовираат важноста на спортот и здравиот животен стил меѓу младите, туку и го истакнуваат Прилеп како вистински спортски град. Им посакуваме многу успех на сите учесници!