|

Борче Стаменов и „Донирај компјутер“ – добитници на наградата „Мајка Тереза“

Борче Стаменов со мисија – компјутер за секое дете

Здружението „Донирај компјутер“, предводено од ИТ-ентузијастот Борче Стаменов, досега има донирано 3.700 компјутери на деца од социјално ранливи семејства, училишта, здравствени установи и стартапи низ Македонија. Стаменов очекува до октомври бројката да достигне 4.000 уреди, благодарение на нови донации и растечки волонтерски ангажман.

Здружението е и добитник на престижната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година, која се доделува за исклучителна посветеност и хуманост во општеството. Наградата е признание за долготрајната работа на Стаменов и тимот волонтери кои со ентузијазам и посветеност ги склопуваат компјутерите од дониран електронски отпад и ги донираат на оние што имаат најголема потреба.

– „Нашата мисија е секое дете и студент да имаат еднакви услови за квалитетно образование“, вели Стаменов, чија иницијатива прерасна во една од најхуманите народни акции во земјава

Слични Објави