(видео)Општински турнир во одбојка за средни училишта одигран во Прилеп
Во салата на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп се одржа општинскиот турнир во одбојка за средни училишта, на кој настапија неколку училишните екипи од прилепските средни училишта.
Резултати:
- СОУ „Мирче Ацев“ – СОУ „Ристе Ристески Рицко“ 2:0
- СОУ „Ѓорче Петров“ – СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ 2:0
- СОУ „Мирчев Ацев“ – СОУ „Орде Цопела“ 2:0
- СОУ „Ѓорче Петров“ – СОУ „Мирче Ацев“ 2:0
Финале
Финалниот натпревар беше одигран помеѓу СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Мирче Ацев“, победнички на турнирот се „домашните“ одбојкарки од СОУ „Ѓорче Петров“.
Турнирот помина во убава атмосфера, а салата беше исполнета со ученици кои ги следеа натпреварите.



