За 25 години, двојно зголемен бројот на заболени со дијабетес
Бројот на лица со дијабетес во Македонија драстично се зголемил во последните две и пол децении. Согласно податоците од
Интернационалната Дијабетолошка Федерација вкупната преваленца за 2024 година, во земјата се регистрирани 140.800 дијагностицирани лица со ова хронично заболување, опфаќајќи ја популацијата од 20 до 79 години.

Овој број е речиси двојно повисок во споредба со податоците од пред 25 години, што укажува на загрижувачки тренд и потреба од сериозен пристап кон превенцијата, раната дијагностика и едукацијата за здрав начин на живот. Зголемената појава на дијабетес често се поврзува со современиот начин на живот – намалена физичка активност, нездрава исхрана, зголемена телесна тежина и стрес.