| | |

Координативен состанок во Општина Прилеп

Во Општина Прилеп денес се одржа координативен состанок по иницијатива на претседателката на Советот на Општинa Прилеп. На состанокот се разгледаа мерките за идентификација и санација на потенцијално опасните градби на територијата на општината.

Присутни беа претставници од Општина Прилеп, Секторот за урбанизам, Инспекциските служби, Полициската станица Прилеп и други релевантни органи. Заклучено е дека е неопходно итно преземање мерки за заштита на безбедноста на граѓаните, вклучувајќи проценка на ризик, санација или отстранување на објекти кои претставуваат потенцијална опасност.

Општина Прилеп останува посветена за заштита на безбедноста и на имотот на сите граѓани и ќе продолжи со редовни координации и активности за навремено и ефикасно решавање на ваквите ситуации.

Слични Објави