ДЕЛ 2 – Подготвителни активности за изработка на Просторен план на државата 2021 – 2042, одржани во 2022 година
Продолжение
Партиципативното тело се формира на доброволна основа, со неограничен број членови. Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на ЕЛС и може да влијае на политиките на просторен развој. Ова не се случило досега, но ако – убаво е напишано.
Инаку, за да има вработување на „добри работни места“, а тоа се места, каде нема работа, створени се многу тела. Има Координативно тело за изработка на Просторен план на Државата и Општински комисии за урбанизам (се формираат согласно Законот за урбанистичко планирање, и активно учествувале во процедурите на донесување на урбанистичките планови), но требало да има и „партиципативни тела“ за обезбедување инклузивност и јавност во процесот на урбанистичко планирање. Општините имаат обврска овие тела да ги формираат со цел да ги претставува интересите и интересните групи во локалната заедница и да ги пренесуваат ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, да ги следат состојбите во планирањето по пат на давање иницијативи, насоки и сугестии за планските решенија, да ги разгледуваат планските програми и планските решенија во работна верзија, и на истите да даваат свои забелешки и сугестии кои може да се вградат во конечната верзија на плановите. Партиципативното тело се формира на доброволна основа, со неограничен број членови, а го сочинуваат претставници на комисијата за урбанизам, општинската администрација, претставници на изработувачите на планот, претставници на урбаните и месните заедници, НВО – и, здруженија на граѓани и граѓански активисти, како и граѓани стручни од областа на планирањето, односно други области суштествени за планирањето и одржливиот развој. Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на ЕЛС и може да влијае на политиките на просторен развој. Ова не се случило досега, но ако – убаво е напишано.
Основната правна рамка е Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за спроведување на Просторниот план на Република Македонија, но овој закон „не работи“ и надвор е од закон затоа што се однесуваше на Просторниот план до 2021 година, што значи дека сега немаме ниту законска рамка за ова што сме го донеле како Просторен план. Ова не е наивно, затоа што со овој план се уредуваат долгорочните основи за организација, уредување и користење на просторот на државата, насоките на урбанизација и основни критериуми за уредување на населбите, планските мерки за користење на природните ресурси и заштита на животната средина, условите за заштита и користење на подрачја од посебно значење, па дури и коридорите на основни (магистрални) инфраструктурни системи.
Регионалните просторни планови, може, но не мора да се изработуваат, но тие претставуваат услов за пристап кон структурните фондови на ЕУ, ама пак, ниту една општина и регион не донесе просторен план.
Еве какви планови се донесени досега: „Просторен план на акумулацијата Козјак” од 1999 година; „Просторен план на заштитните зони на изворот Рашче од 2002 гоина; „Просторен план на РМ” од 2004 година; „Просторен план на регионот на сливот на реката Треска” од 2007 година, „Просторен план на Охридско-преспанскиот регион” од 2010 година. Нацрт Регионални просторни планови се: „Просторен план на Скопскиот регион” од 2011 година; „Просторен план на Источниот плански регион”, од 2017 година; „Просторен план на Националниот парк Пелистер” од 2019 година. Регионални просторни планови во процес на изработка (запрени се со подготовка) се: „Просторен план на сливот на Црна Река” од 2002 година; „Просторен план на Националниот парк Галичица” од 2009година; „Просторен план на Националниот парк Маврово” од 2012.
Иако малку, дел од плановите се во процес на мирување поради недостаток на финансии за нивно завршување, а и самата постапка на усвојување во Собранието трае неколку години, па промените во просторот ја уништуваат нивната релевантност.
Изгубноста во планирањето може да се види и од трчањето по различни методологии во утврдувањето на теренските факти од аспект на одржливост (го нарекуваат „истражувачки процес“), кои се земени од големи европски и светски системи: UNEP8, Хабитат Агенда, програма на OECD9…
Друга приказна е усогласувањето на различните секторски стратегии со Просторниот план на државата (обврска утврдена со Законот за спроведување на Просторниот план). Тука и нема „приказна“: нема усогласување! Затоа е и направена Националната развојна стратегија, која (сепак) ништо не значи и само купува време.
Изгубноста во планирањето може да се види и од трчањето по различни методологии во утврдувањето на теренските факти од аспект на одржливост (го нарекуваат „истражувачки процес“), кои се земени од големи европски и светски системи: UNEP8 , Хабитат Агенда, програма на OECD9… Имено, тука се работи за индикаторите за изработка на просторните планови (како ние врска да немаме со изработката на просторни планови, па учиме како да воспоставиме индикатори за планирање). Еве, на пример, потребна е процена на степенот на загрозеноста на населението и материјалните добра (ризици од катастрофи) и врз основа на резултатите од ваквата анализа и оценка да се утврдат најсоодветни мерки за заштита и ублажување на последиците од евентуалните случувања. Ние во Југославија имавме мошне детални и сеопфатни планови, но „заборавивме“ како тоа се прави?! Кому му е во интерес да заборави дека ние научивме и пред и после 1963 година „како тоа се прави“? „Странците ни велат дека сме биле ретроактивни, а не проактивни при планирањето на тие ризици и сме се задржувале на постоечките, а не на новите опасности, односно „ризици“ – по ново (пандемии и прилагоденост на просторот во поглед на истите, ризици од катастрофи и климатски промени, ризици заради урбанизација и сл), односно, ние сме се задржувале на „опасноста“, а не на „изложеноста и ранливоста на критичната инфраструктура и населението во постојните зони на опасности, недеталноста во идентификувањето и приоретизирањето на мерките и активностите кои ќе овозможат превенција на постојните ризици и закани и ублажување на новите, подобрен одговор, отпорен опоравок…“. Замерки има и околу вклученоста на институциите и граѓаните…
Ете, тоа може слободно да се нарече „мижи Асан да ти баам“! Ние диво градиме како што сакаме и каде сакаме, па потоа озаконуваме. Градиме, иако и приучен архитект и урбанист можат да видат дека народот ќе се исподави во првиот дожд! Така и се случи, нели? Ние имаме противпожарни возила стари над 30 години, несервисирани авиони и чамци, мерни инструменти, кои со години не функционираат, затоа што годишните редовни сервиси чинат мало богатство, а членарината во тоа стручните тела на ЕУ се прескапи, софтверите бараат постојан одржување и стручни лица, за секоја ситница треба ЕУ лиценцирање и уште стотици други скапи и прескапи работи, а тоа се најмалите проблеми. Поголеми и најголеми се партиските кадри, кои ги водат многубројните „стручни“ институции и единствено што знаат од занаетот, е да крадат и местат тендери, но и законите, кои се неприменливи во наши услови.
Додека мислиме како мајмуни, ќе бидеме третирани како мајмуни, нели?
Така, наместо реално планирање – базирано на нашите состојби, ние говориме за многубројни гломазни планови (на пример, Националната развојна стратегија (НРС) е блиска до националниот просторен план) и за „засегнати страни“, кои (пази молимте) морало „да се идентификуваат и вклучат во конструктивен дијалог уште во раната фаза на изготвување на документот“. Државата формира агенции, комисии, разни тела „за ова и за она“, но не биле идентификувани!
Така, кога ќе влезат во Просторниот план и овие ултра искомпликувани европски методологии, неедуцираниот кадар, застарените основни и технички средства, политизираните раководства на институциите од сите видови, а кои се поврзани со секторското и (консеквентно) просторното планирање, ќе настане шоу, во кое никој – ништо не знае, па останува да глумиш дека работиш на некој просторен план, но потребно е време и усогласување со….
Сепак, Просторниот план многу не се занимава со намалување на ризиците од катастрофи (НРК). Старите планови од Југославија совршено функционираа и со старите методологии, но сега е потребно да видиш на мониторот од твојот лап топ дека мерен инструмент покажал дека водата пораснала или дека има чад од шумата, па да веруваш дека нешто се случува. Тогаш имавме очи, нос и уши, но и помалку пожари, поплави и сл. Но, кој ќе го знае? Можеби платената нова технологија, одржувањето и лиценците (сите дојдени од донаторските земји) повеќе вредат од здравиот разум и нашето искуство и знаење дека со дождовите реките надоаѓаат, дека со полициски активизам и казни има помалку пожари, а со партиските кадри на чело на стручни институции, и едното и другото се залудни.
Така, наместо реално планирање – базирано на нашите состојби, ние говориме за многубројни гломазни планови (на пример, Националната развојна стратегија (НРС) е блиска до националниот просторен план) и за „засегнати страни“, кои (пази молимте) морало „да се идентификуваат и вклучат во конструктивен дијалог уште во раната фаза на изготвување на документот“. Државата формира агенции, комисии, разни тела „за ова и за она“, но не биле идентификувани! Исто така говориме за „интердисциплинарност“ и „голем број реномирани експерти од различни области“. Се разбира и „експертите“ се одбрани и од нашите политиканти, но и од донаторите, кои се тука да спроведат „наш“ проект.
Додуша, факултет за просторно планирање не постоел кај нас (тоа било „ограничувачки фактор“), како да е проблем да земеме десетина добри урбанисти со докторски титули, неколку еколошки инжинери и другите потребни профили и да направиме и акредитираме програма и факултет, кој (сепак) нема да биде вклучен во странските – а наши проекти. Од тоа се нагледавме, нели?