Подготвителни активности за изработка на Просторен план на државата 2021 – 2042, одржани во 2022 година
И така, во недостаток на просторен план, кој траеше до 2021 година, иако никој ниту го погледна, прогласена е изработка на план за период 2022 – 2042, а подготовките за план од 2021 година, започнуваат во 2022 година, со првична средба, без присуство на експерти.
Просторните планови се највисоки документи за целиот простор на државата (секој центиметар територија, било градови, било села, ниви, шуми, води, руди, локалитети….) и од нив (треба да) зависат и ГУП – овите и сите други урбанистички, но и другите проекти и планови – краткорочни, среднорочни, долгорочни. Дека никому не му е грижа за нив, тоа не е важно.
Законот за урбанистичко планирање од 2020 година не го опфати просторното планирање, иако не пропушти да ги укине старите закони за просторно планирање, па велиме дека има „правен ваакум“ за просторното планирање, како досега „да се раскинавме“ во носење такви планови (главно се препишувани од поранешните).
Тие планови „се разработувале“ по пат на донесување Просторни планови на региони, на општини и на подрачја од јавен интерес за државата, а самата постапка, посебно во Парламентот е гломазна до крајни граници, но нема страв од тоа, затоа што владата воопшто не ги мачи комисиите и не им дава работа околу просторното планирање, од причина што никој и не работи на тоа, односно многу работат, ама „поѓомити“.
Овој вид најсложено планирање, пред кое „секој се тресе“ во европските земји, кое и уставот го регулира, се базира на методологија, која е различна во секое министерство, па ајде спореди и собери на едно место, дури и времето да застане и податоците да не се менуваат со поминатите години во „планирање“. Надлежностите на институциите се преклопуваат и не се знае кој – што работи, општините територијално се менуваат, индикаторите се како од ракав тресени.
Главно, професорите имаат работа да пишуваат празни писанија за просторните планови како „највисок плански акт на државата“, а студентите да препишуваат и прават семинарски, не разбирајќи ниту за што овие првиве говорат. Не се децата виновни. Навистина нема што да се разбере, затоа што се работи за приказни за мали дечиња.
Празни писанија пишуваат и многубројните вработени на државни јасли, на кои просторното планирање им послужило да најдат работно место, кое административците го смислиле за да има работа – каде што нема работа.
Како и на другите места, при планирањето и овде е вклучен „процес на консултации со релевантните чинители“ (се мисли и на граѓаните), што е исто како на бебе да му дадеш машина за перење.
И така, во недостаток на просторен план, кој траеше до 2021 година, иако никој ниту го погледна, прогласена е изработка на план за период 2022 – 2042, а подготовките за план од 2021 година, започнуваат во 2022, со првична средба. Министерката за ЖСПП ги собра „дечињата“ од Центрите за развој на планските региони, кои не можат да стигнат да ја изработат ниту својата редовна работа од глупавите надлежности – дадени со закон, па сите заедно глумеа дека нешто разбираат. Главно, кетерингот го изедоа.
И тоа не е сè! За исти пари имаме и Националната развојна стратегија, во која преку просторното планирање можело да се изнајдат многу соодветни решенија и „предлог визија“ за стратегија до 2042 година. Погодувате, стратегијата е на ниво на бајки за големи деца: „одржлив, балансиран просторен развој, како основа за економски просперитет, подигнување на квалитетот на живеење за сите граѓани, висок степен на заштита на животната средина, природата и културните вредности и интеграција во европскиот просторен систем“. Вакви празни зборови знае секој провинциски политикант, па не мораше толку многу „да планираме“, да јадеме кетеринзи и да даваме дневници и гориво за „планерите“.
Се разбира, оваа Агенција е напикана и во сите други планирања на МЖСПП, проценки, оценка на имплементација и што уште не. Дека е тоа надлежност и на серија други институции – никому ништо. Главно, такви експерти нема да дозволат да останат без дневници и хонорари, па се напикале насекаде, затоа што и учествувале во креирањето на законите од областа на просторното и урбанистичко планирање. Мошне македонски, нели?
Просторното планирање, кога имаше поискрена држава, таму негде 1970 година беше вистински и важен фактор за општественото планирање. Тогаш беше формирана Дирекцијата за просторно планирање во Охрид, трансформирана во Институт за просторно планирање, кој во 1991 година итно го укинавме и дури во 1955 повторно нѝ текна дека „нешто“ и „некој“ треба да „ги стегне во едно“ сите тие хохштаплерски ГУП – ови и ДУП – ови, планови и што ли не.
Речено – сторено!
Владата изготви Програмата за изготвување и донесување на Просторниот план на Република Македонија и (нормално) формираа ЈП за таа намена. Дури во 2006 година формирана е Агенција за планирање на просторот и нејзина (наследена) надлежност е изработката на државни и регионални просторни планови, како и просторни планови на општини и на „подрачја од јавен интерес“. Залудноста на овие напори се гледа и во фактот дека Агенцијата го следи спроведувањето на Просторните планови преку тригодишна и годишна Програма, а истовремено изработува и урбанистички планови и планска документација предвидена со Годишните програми на Владата, одржува и ажурира единствен просторно-информативен систем и…. Се разбира, оваа Агенција е напикана и во сите други планирања на МЖСПП, проценки, оценка на имплементација и што уште не. Дека е тоа надлежност и на серија други институции – никому ништо. Главно, такви експерти нема да дозволат да останат без дневници и хонорари, па се напикале насекаде, затоа што и учествувале во креирањето на законите од областа на просторното и урбанистичко планирање. Тука се и странските стручни проекти, со кои соработката може да биде многгу профитабилна (така барем мислат многумина). Мошне македонски, нели?
Одтогаш – наваму, МЖСПП изготвува, а владата донесува Горишна програма за изработка на просторни, урбанистички планови и проекти на државата, општините или на други подрачја од јавен интерес… За донесување на истите, преку јавен повик, надлежни се општините, доколку се работи за локално значење или МТВ доколку се работи државно значење. Поточно, овие планови на министерствата, усвоени од владата, се предлагаат во нацрт верзија, пред собраниски комисии, за потоа да следи јавна дебата и пленарна седница на Собранието, кое усвојува предлог на планот.
Врската на Националната развојна стратегија 2022-2041 е воспоставена токму преку урбанизмот, затоа што пред да се донесе оваа Стратегија, барале општините да достават свои предлози кои се однесуваат на урбанистички планови и планска документација „за развој“, што може да значи било што, во отсуство на критериуми и стари просторни планови. Се разбира, пари за тоа ниту има, ниту ќе ги има, а критериумите – по кои се избрани општините, им се потполно надвор од јавниот интерес.
Понекогаш е нејасно заради што – воопшто, Агенцијата, многубројните „тела“ во МТВ и владата пробуваат да ги вклучат општините и тоа „Центрите за развој“, кога ништо не прифаќаат што не е измалтретирано од нив.
поентата е дека ова е централизирана држава, каде централните власти не даваат никакви надлежности на општините, односно, „ги даваат, но не ги даваат“, па ако е инвеститорот „добар за перцање“, парињата ќе ги земат од централната власт, за дозвола да гради. Идила!!!
Дополнитело, овие ја координираат постапката на изработка на урбанистичките планови и планска и проектна документација и (самите) сѝ даваат конечна согласност. Следењето на надлежностите и кој – што може е вистински лавиринт и смејурија. Имено, ЦРПР имале „можност“ за поведување иницијатива за изработка на просторен план, финансирање на неговата изработка (опааа, требало сами да сѝ го финансираат „државниот“ план) и учество во постапката на изработка …, по пат на давање мислење, забелешки и сугестии, а откако Собранието ќе ги усвои, општините треба да ги изработат и донесат. Кој сака да финансира изработка на план, кога нема пари за тоа, а и државата треба тоа да го плати, затоа што се тоа државни, а не локални акти? Значи, ако општината најде „лут инвеститор“, кој сака да гради фабрика во општината, тој треба да направи иницијатива до ЦРПР за некаква потребна промена, за да се изгради фабриката, а овие од ЦРПР треба да ги достават изработените „предлози“ за промена на ДУП – от до централните власти, за да добијат Решение за услови за планирање на просторот, од страна на МЖСПП и МТВ. А кој ќе ги подготви тие документи, кога нема „дозвола“ за тоа? Значи, општината, кога започнува таква иницијатива крши закон. Но сепак, поентата е дека ова е централизирана држава, каде централните власти не даваат никакви надлежности на општините, односно, „ги даваат, но не ги даваат“, па ако е инвеститорот „добар за перцање“, парињата ќе ги земат од централната власт, за дозвола да гради. Идила!!!
ПРОДОЛЖУВА