Давитковски: Дилемите околу реформите на јавниот сектор
„Прашањето кои се и колкави се дилемите со кои се соочува реформата на целокупниот јавен сектор можеме да го анализираме од повеќе аспекти и да го бараме во низа појави и состојби. Доколку во јуни не добиеме датум за преговори за влез во ЕУ, тоа најверојатно ќе биде резултат на (не)спроведувањето на вистински реформи во јавниот сектор. Или, резултат од нашето неумеење, па дури и некадарност (најверојатно заради непостоење доволно цврста определба и волја) да се справиме со предизвиците кои стојат на патот на секоја коренита промена. Актуелните политички фактори и останатите политички авторитети во изминативе децении најмногу беа заинтересирани за јавниот сектор само од аспект на вработување на сопартијци, спроведување јавни набавки од поголема вредност и евентуално до преземање активности кои се однесуваат на добивање на очекуваните изборни резултати „по секоја цена“ и „со кои било средства“. Сосема различно од демократските земји каде што јавната администрација е вистински сервис на граѓаните, кај нас од досегашното скоро тридецениско искуство можеме слободно да заклучиме дека е „сервис на власта“, каде што таа свесно и тенденциозно се става во функција на остварувањето на желбите и интересите на партиите кои ја сочинуваат. Жално, но вистинито“ – Борче Давитковски.
Целиот напис прочитајте го на следниот линк.