ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ. КАЗНИ ДО 2000 ЕВРА
„Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат“, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Физичките лица кои ќе бидат затекнати како се движат низ шума или шумско земјиште може да се соочат со глоба од 1. 500 до 2. 000 евра во денарска противредност.


