|

Градоначалниците на Општина Кривогаштани Николче Мискоски и на Општина Прилеп Борче Јовчески на отворањето на „Парадајс фест“ во Општина Лебане – Србија

Градоначалниците на Општина Кривогаштани Николче Мискоски и на Општина Прилеп Борче Јовчески  денес присуствуваа на отворањето на „ Парадајс фест“ во Општина Лебане – Србија. Фестивалот е под покровителство и во организација на Општина Лебане.

„Парадајс фест“ има културен и економски карактер. Организаторите се трудат културно-уметничката програма да биде богата со познати естрадни уметници. Преку овој настан потенцијалните купувачи се поврзуваат со локални производители на домати, како и со производители на други земјоделски производи кои се одгледуваат на територијата на општина Лебане .

Со оглед на тоа што општина Лебане, е прва по бројот на произведени домати во Србија, заслужува ваков настан, чија цел е промоција на земјоделскиот и туристичкиот потенцијал, како и промоција на Лебане.

Во склоп фестивалот се организирани стручни предавања на кои може да присуствуваат сите заинтересирани за земјоделско производство. Фестивалот има изложбен продажен карактер, каде што може да се вкусат и купат сите јадења и производи. Конкурс има и во неколку категории, лани за најубаво украсена тезга, најтежок домат и највкусно јадење со домати.

Општина Кривогаштани како збратимени Општина со Општина Лебане и оваа година е поканета да присуствува на фестивалот како почесен гостин со сопствен изложбен простор. Производите кои ќе бидат изложени се од нашите локални стопанственици, како што се Кривогаштани промет, Bakaleski Promet компании др.

Слични Објави