Општина Крушево главен покровител на Меморијалниот турнир „Сотир Мазар 2025“
Општина Крушево ја презема улогата на главен покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар 2025“. Овој спортски настан претставува многу повеќе од обично натпреварување – тој е симбол на сплотеноста на крушевчани, на љубовта кон спортот и на трајното сеќавање на човекот кој остави длабока трага во општината. Сотир Мазар беше личност која…


