Вардар сепак пресилен за РК Прилеп
Ракометарите на Вардар го совладаа домашниот тим со 29:38 во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.
Иако прилепскиот тим важи за тврд орев на домашен терен, сепак екипата на Вардар покажа дека е многу подобра.
Кај прилепчани, Никола Шипинкоски постигна 7 гола, Петар Марковски 6, а Никола Цветаноски 5. Голманот Благојче Трајкоски запиша 6 одбрани.
Во победничкиот состав, голманот Васил Гогов имаше 14 одбрани, Јака Малус постигна 11 гола, а Урош Митровиќ 8.


