|

Comfy Angel донираше комплетна постелнина за Невропсихијатриското одделение во Прилепската болница

Голема донација пристигна во Општата болница во Прилеп – компанијата Comfy Angel донираше комплетна постелнина за потребите на Невропсихијатриското одделение.



Со оваа донација значително се подобруваат хигиенските услови, се овозможува поголема грижа за пациентите, како и подобра работна средина за медицинскиот персонал.

Од болницата упатија голема благодарност до компанијата за овој хуман и значаен гест, нагласувајќи дека ваквите примери се доказ дека преку заедничка соработка може да се чекори кон похумано и посовремено здравство.

Слични Објави