Прилеп за Владе: една екипа, една поддршка!
На 30 ноември, во кафе-клубот ТАБАНА, се поканети сите кои играат и кои не играат билјард на дружба и поддршка за Владе, пред неговиот настап на Европското првенство во Полска.
Од секој клуб, од секоја генерација, сите со иста порака: Владе, зад тебе стоиме сите ние! – стои во пораката на Кафе-клуб Табана.
Дружба, добра атмосфера и спортски дух, со желба Владе да замине на европскиот предизвик со полна самодоверба и верба во себе.
30 ноември, 16 часот, кафе-клуб ТАБАНА.
Напред, Владе!


