(видео) СПЕКТАКЛ ВО БИТОЛА: АРМИН ВАН БУРЕН ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД 10.000 ПОСЕТИТЕЛИ НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“
Битола доживеа незаборавна вечер! Синоќа, во рамките на културното лето БИТ ФЕСТ, на стадионот „Петар Милошевски“ се одржа спектакуларен настап на светски познатиот диџеј и продуцент Армин Ван Бурен.
Над 10.000 посетители од целата земја и регионот беа дел од овој уникатен музички настан, кој за прв пат донесе артист од А-категорија во Битола, со продукција според највисоки светски стандарди.
Настанот беше во организација на Avalon Production (Avalon International Booking), со поддршка од Општина Битола и Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ.
Битола уште еднаш покажа дека има капацитет за големи културни и музички случувања, а оваа вечер ќе остане запаметена како историски чекор во локалната концертна сцена.



