„Европска акција за контрола на брзината: МВР со засилени контроли низ целата држава“
Министерството за внатрешни работи на Македонија, како земја членка на РОАДПОЛ, во периодот од 4 до 10 август се приклучува на европската акција за контрола на брзината на движење на возилата, која ќе се спроведува низ цела Европа.
Во рамки на акцијата, на територијата на целата држава ќе се вршат засилени контроли со цел откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Фото: Фејсбук МВР


