Пежо 408 за полицајците во Македонија

Министерството за внатрешни работи, ќе набавува 120 нови полициски возила



Станува збор за резултати од електронска аукција што се одржа вчера, на која учествуваа три компании. Иако одлуката сè уште не е официјализирана, известувањето е веќе објавено на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Финалниот договор треба допрва да се потпише.

Најповолна понуда доставила компанијата „Еуроимпекс“, која настапила со моделот „Пежо 408“. Цената по возило изнесува околу 27.250 евра. Другите две понуди биле од „Јосифов“, со моделот „Шкода Октавија“ по цена од 31.500 евра, и од „Екселсиор холдинг груп“, која понудила „Мазда 3“ по цена од околу 33.200 евра по возило.

Слични Објави