| |

Љубојно ги обедини генерациите – Одржани 52-рите иселенички средби

Во прегратките на Преспа, село Љубојно викендов беше домаќин на 52-рите традиционални иселенички средби, настан кој повеќе од пет децении претставува симбол на поврзаност, заедништво и љубов кон татковината.

Средбата беше збогатена со богата културно-уметничка програма во која учество зедоа културно-уметнички друштва и бројни изведувачи. Со песни, ора и настапи, тие го оживеаја духот на традицијата и ја потсетија публиката на вредноста на потеклото и идентитетот.

На настанот присуствување и Н.Е. Амбасадорот на Австрија во Република Македонија, г. Мартин Памер, кој ја изрази својата поддршка и восхит кон ваквите иницијативи што ги градат мостовите меѓу генерациите и ја одржуваат врската со дијаспората.

Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, кој беше дел од свеченостите, нагласи дека Љубојно останува симбол на поврзаност за сите иселеници,
„ Благодарност до сите организатори, учесници и гости кои допринесоа оваа средба да биде успешна и исполнета со љубов, почит и културен сјај. Љубојно и понатаму останува симбол на поврзаност, традиција и отворено срце за сите наши иселеници. Овој настан е дел од поширокиот контекст за заживување на селските културни настани и афирмација на Преспа како регионален бренд..“

Со огромна енергија и емоции, оваа година Љубојно уште еднаш покажа дека корените не се забораваат и дека традицијата живее преку луѓето кои ја носат во срцето – без разлика каде се наоѓаат во светот.

Слични Објави