Забрзано се гради автопатот Прилеп – Битола: Дали ќе се заврши во предвидениот рок?
Со полна динамика продолжуваат градежните работи на автопатската делница Прилеп – Битола, дел од коридорот 10д, која треба да обезбеди побрзо, побезбедно и стратешки важно поврзување меѓу пелагониските градови и сообраќајната мрежа на југот, сè до границата со Грција. Станува збор за Секција 4 од овој правец, која опфаќа 41 километар, а веќе се работи…


