„500 денари рекет“ ја раздвижува алтернативната сцена во Прилеп со концерт на VEL и Горан Трајкоски – ГОТРА
Културната понуда во Прилеп во изминатите десетина години бележи сериозна стагнација, поради што љубителите на добра музика и културни настани често беа приморани да патуваат во други градови низ Македонија. Како одговор на таквата состојба, независната културна сцена во последните неколку години се наметна како главен двигател и организатор на културни случувања во градот. Најнов…


