Конкурс за ученички поетски творби „Кој не сака пролет?“ по повод 110 години од раѓањето на Волче Наумчески
По повод одбележувањето 110 години од раѓањето на Волче Наумчески
(18 јануари 1916, Прилеп – 20 март 1980, Скопје), автор на првата стихозбирка целосно отпечатена на македонски јазик во 1939 година, „Иди пролет“,, Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ – Прилеп распишува:
Конкурс за ученички поетски творби – „Кој не сака пролет?“
Право на учество имаат сите ученици од основните училишта во:
- Општина Прилеп
- Општина Долнени
- Општина Кривогаштани
- Општина Крушево
Конкурсот е поделен во две категории:
- ученици од III до V одделение
- ученици од VI до IX одделение
Во двете категории ќе бидат доделени прва, втора и трета награда.
🔹 Темата е слободна.
Начин на учество
Поетските творби треба да се испратат во еден документ, напишан со:
- фонт Times New Roman
- големина на букви 12
- со македонска јазична поддршка
Во документот задолжително да бидат наведени:
- име и презиме на ученикот
- одделение и училиште
- место и општина
- податоци за ментор или родител
Творбите се испраќаат на: zokumprilep@gmail.com
Краен рок за испраќање: 27 февруари
Награди и признанија
- Сите учесници ќе добијат благодарници за учество
- Наградените ученици ќе добијат дипломи, книги и други подароци
Дополнително, ќе биде организиран посебен настан на кој ќе бидат соопштени наградените творби, а учениците ќе имаат можност јавно да ги прочитаат своите песни.




