СКРМ доби уште две судски пресуди со доставено вештачење
По барање на Министерството за култура и министерот Зоран Љутков за спроведување вештачење, Самостојниот синдикат на културните работници на Македонија (СКРМ) информира дека добил уште две судски пресуди во кои е доставено вештачење.
Од СКРМ посочуваат дека иако судот го прогласил вештачењето за непотребно во оваа фаза од постапката, со самото негово спроведување се зголемуваат судските трошоци. Тие трошоци, како што наведуваат, се на товар на институцијата, а со тоа директно го оптоваруваат и државниот буџет.
Синдикатот нагласува дека ваквата пракса претставува дополнително финансиско оптоварување без реална процесна потреба и најавува дека и понатаму јавно ќе ги објавува сите судски одлуки поврзани со овие предмети.





